ВО ЛАВИНА НА ПОПОВА ШАПКА ПОВРЕДЕН СКИЈАЧ ОД ДАНСКА

    ВО ЛАВИНА НА ПОПОВА ШАПКА ПОВРЕДЕН СКИЈАЧ ОД ДАНСКАСпоред проценката од стручна институција, утврден е висок степен на лавинска опасност од степен 4, според европската скала за оценување на лавинскиот ризик. (Фото: СДК.МК)

    На Попова Шапка има над 50 сантиметри снег, а променливото време создава услови за појава на лавина. При една лавина која се случила вчера на врвот Церипашина повреден е скијач од Данска.

    „На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано Церипашина, има повредено едно лице. Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф. М. Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје“, велат од СВР Тетово.

    При крај на јануари оваа година на Шар Планина беше забележана голема снежна лавина во која, за среќа, немаше повредени лица. Тогаш од стручен тим од образовна институција специјализирана за безбедност во планинскиот туризам, била спроведена и експертска анализа на стабилноста на снежната покривка. Според проценката, утврден е висок степен на лавинска опасност од степен 4, според европската скала за оценување на лавинскиот ризик. На таа скала степенот 5 означува многу висок ризик од лавина.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира