ВО ОХРИД ГОДИШНО ОД ВОДОВОД СЕ КРАДЕ ВОДА ВО ВРЕДНОСТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА

    ВО ОХРИД ГОДИШНО ОД ВОДОВОД СЕ КРАДЕ ВОДА ВО ВРЕДНОСТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРАОхрид аплицираше за проект со кој значително ќе се намалат загубите на вода (Фото: СДК.МК)

    Во текот на една година, во Охрид од градскиот водовод се крадат околу три милиони кубни метри вода, чија вредност изнесува околу три милиони евра. За толкав износ оштетен е буџетот на „Про-аква”.

    „До ноември 2017 година, кога јас дојдов на чело на ‘Про-аква‘, имаше преку 72% загуба на техничка вода. За нецела година тоа го намаливме на 64%. Ние аплициравме за еден проект во износ од 7,5 милиони денари, со цел оваа загуба да се намали уште повеќе. Министерството за животна средина веќе ни одобри 2 милиона денари. Со тие средства сакаме да воведеме контролни и регулациони шахти, а ќе воведеме и електронски броила со далечинско читање. Тие броила имаат вграден аларм и многу предности за нас и за потрошувачот. Доколку, на пример, кај некој потрошувач континуирано тече водо, а тој не знае за тоа, ние добиваме сигнал од броилото и веднаш го известуваме неговиот сопственик дека има проблем. Познато е дека само едно неисправно казанче за вода во текот на еден месец може да потроши и до 30 кубни метри вода”, ни изјави директорот на „Про-аква”, Владимир Алексиоски.

    Во текот на летото, поради зголемениот број на порошувачи, низ градскиот водовод течат околу 500 литри вода во секунда, а на зима од 220 до 250 литри. Во шпицот на сезоната, во градот има во просек околу 30.000 гости.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира