ВО ОХРИД УАПСЕН ГЕРМАНСКИ ТУРИСТ КОЈ ДОПЛИВАЛ И ИЗЛЕГОЛ КАЈ ВИЛАТА „БИЛЈАНА“ КАДЕ ЛЕТУВА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА

    ВО ОХРИД УАПСЕН ГЕРМАНСКИ ТУРИСТ КОЈ ДОПЛИВАЛ И ИЗЛЕГОЛ КАЈ ВИЛАТА „БИЛЈАНА“ КАДЕ ЛЕТУВА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВАВо државниот комплекс „Вила Билјана“ се вилите на претседателот и на премиерот на државата. (Фото: СДК.МК)

    Турист од Германија вчера е приведен во полиција во Охрид оти допливал до државната „Вила Билјана“, излегол од водата и тргнал кон комплексот во кој се вилите на претседателот и на премиерот на државата. Таму во моментов летува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со семејството.

    Вилата е блиску до неколку популарни охридски плажи во областа Горица.

    „На 06.08.2024 во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ‘Инекс’ во Охрид, полициски службеници го приведоа Р. С.(22) од Сојузна Република Германија. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок“, рече портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, кој додаде дека полициските службеници од обезбедувањето на државната вила реагирале навремено и ефикасно.

    Неофицијално, туристот е пуштен по информативниот разговор во полицијата. Кажал дека залутал оти не го познавал теренот. Ако истрагата утврди дека немал други побуди, со оглед дека е странски државјанин ќе биде парично казнет за неовластено поминување низ државен имот.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира