ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН СО ГОДИНИ ИМА ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ ОТКОЛКУ РОДЕНИ

    ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН СО ГОДИНИ ИМА ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ ОТКОЛКУ РОДЕНИИ покрај ваквиот надолен тренд, Пелагонискиот Регион е трет во земјава според бројот на живородени (Фото: СДК.МК)

    Лани во Пелагонискиот Регион имало 952 повеќе починати отколку родени, покажуваат податоците на МАКСтат базата на Државниот завод за статистика. Така, во 2018 година имало 1.962 живородени бебиња, а 2.914 починати лица.

    За десет години, бројот на бебиња во Пелагонискиот Регион е намален за 474. Ако во 2018 година имало 1.962 живородени бебиња, пред една деценија тој број изнесувал 2.436. Во изминатата декада најмногу родени бебиња биле регистрирани во 2009 година – дури 2.627. Падот на наталитетот е континуиран процес низ годините и бројот на живородени опаѓа за околу стотина од година во година.

    Сепак, и покрај ваквиот надолен тренд, Пелагонискиот Регион е трет во земјава според бројот на живородени, после Скопскиот со 8.020 и Полошкиот со 3.202 бебиња во 2018. Во Македонија лани биле родени 21.333 бебиња, што значи девет проценти од вкупниот број биле во Пелагонија.

    Во Општина Битола, лани имало 773 живородени, а пред десет години биле 920.

    Во исто време, бројот на починати останува во просек околу 2.900 лица годишно. Околу 40 проценти од починатите во Пелагониско отпаѓаат на Битолскиот Регион – 1.138 во 2018.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира