ВО ВЕЛЕС, КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО НЕМА КОМИСИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОЗАЧКИ ИСПИТ, МВР НЕ КАЖУВА КОГА ЌЕ РАСПИШЕ ТЕНДЕР ЗА НОВА

    ВО ВЕЛЕС, КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО НЕМА КОМИСИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОЗАЧКИ ИСПИТ, МВР НЕ КАЖУВА КОГА ЌЕ РАСПИШЕ ТЕНДЕР ЗА НОВАНа комисијата кај која се полага возачки испит лиценцата ѝ истекла на крајот на август (Фото: СДК.МК)

    Кандидатите кои сакаат да полагаат возачки испит во Велес, но и во поширокиот регион на Повардарието, не можат да го направат тоа. Откако од крајот на август ѝ истекла лиценцата на комисијата кај која се полага возачки испит, таа не постои и не може да се врши оваа дејност. Ова не е проблем само за велешани, туку и за жителите на Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

    Иако писменото прашање до МВР, под чија надлежност е издавањето на лиценцата, е поставено на 9 септември, до денес одговор нема.

    „Завршив со часовите за обука, имам лекарско и положено прва помош, но не можам да полагам оти нема комисија. Се зборува дека лиценцата на комисијата изминала, а не бил распишан нов тендер, така што не е познато кога ќе се формира нова комисија. Може ќе чекаме подолго од овој еден месец кој измина“, вели велешанка која чека да се формира комисија за да може да полага за возачка дозвола.

    Досегашната комисија работела во период од десет години, а лиценцата добиена од МВР истекла во август.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира