ВО ПРВИТЕ ДВА МЕСЕЦА ОД ПЛАТЕНИОТ ПАРКИНГ ВО ВЕЛЕС СОБРАНИ 8.000 ЕВРА

    ВО ПРВИТЕ ДВА МЕСЕЦА ОД ПЛАТЕНИОТ ПАРКИНГ ВО ВЕЛЕС СОБРАНИ 8.000 ЕВРАПлатениот паркинг во Велес почна да функционира во август (Фото: СДК.МК)

    ЈП „Парк спорт и паркинзи“ за два месеца собрало 481.105 денари од платениот паркинг во Велес, стои во деветмесечниот извештај за неговото работење. Собраните средства се однесуваат на август и септември, откако почна да функционира платениот паркинг во градот.

    „Со собраните средства не можат во целост да се покријат трошоците за плата за деветте времено ангажирани лица, вклучени во регулирањето на платениот паркинг“, реагираше членот на Советот, Драган Димески.

    „Тоа е така зашто околу 120 места не можат да се користат за паркирање. На паркингот покрај Вардар сега се тезгите од пазарот, а пред Центарот за социјални работи се возилата на изведувачот кој работи на покриениот пазар“, кажа Љупчо Иванов, директор нa ЈП „Парк спорт и паркинзи“.

    Во Велес, во двете зони има 11 јавни паркиралишта со 315 места. Улиците кои се во централното градско подрачје подоцна беа изземени од наплатата на паркирањето, но станаа тесно сообраќајно грло. Цената на паркирањето во зона А е 30 денари, а во зона Б 20 денари за еден час.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира