ВО ШТИП ИЗГОРЕ НАЈГОЛЕМИОТ СКЛАД ЗА ИГРАЧКИ И БЕБЕШКА ОПРЕМА ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

    ВО ШТИП ИЗГОРЕ НАЈГОЛЕМИОТ СКЛАД ЗА ИГРАЧКИ И БЕБЕШКА ОПРЕМА ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈАСлужбите велат дека нема повредени во пожарот (Фото: СДК.МК)

    Во пожарот што денеска околу пладне избувна во приградската населба Три Чешми кај Штип целосно изгореа неколку хали од најголемиот склад за детски играчки во Источна Македонија. Тој располага со капацитет за складирање на десетици илјади играчки, новогодишна опрема и реквизити, бебешки колички и разни производи од програмата на „Чиполино“.

    Никој не можеше да каже колку опрема имало во магацинот, чии хали се пеплосани. Противпожарни екипи од Штип, Кочани и Свети Николе и натаму се борат со големиот пожар кој беснее во сите хали, а од некои излегува црн чад, што се издига стотина метри.

    Службите информираат дека нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира