ВО ШТИП ПРВА КАЗНА ЗА СРЕДНОШКОЛЕЦ КОЈ НЕ САКАЛ ДА ПОВТОРУВА, РОДИТЕЛИТЕ ТРЕБА ДА ПЛАТАТ 100 ЕВРА ОТИ СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

    ВО ШТИП ПРВА КАЗНА ЗА СРЕДНОШКОЛЕЦ КОЈ НЕ САКАЛ ДА ПОВТОРУВА, РОДИТЕЛИТЕ ТРЕБА ДА ПЛАТАТ 100 ЕВРА ОТИ СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНОМајката ја прифатила вината што не успеала да го убеди синот да го продолжи образованието и според судската пресуда побарала минимална казна затоа што таа има ниска плата во штипска конфекција, а нејзиниот сопруг бил невработен. (Фото: принтскрин од пресудата)

    Родителите на средношколец од СОУ „Никола Нехтенин“ од Основниот суд во Штип се казнети со глоба од 100 евра во денарска противвредност, како и да ги сносат судските трошоци затоа што нивниот син не сакал да го повторува класот и не се запишал повторно во учебната 2019/20 година.

    Пред судот, мајката Н.М. се бранела дека таа и нејзиниот сопруг направиле сè да го убедат синот повторно да ја запише годината, но тој поради тоа што бил длабоко навреден од професорката по историја не ни помислувал повеќе да учи. Им велел на родителите каква историја треба да знам кога таа постојано се менува, за што добил завршна оценка единица.

    Мајката ја прифатила вината што не успеала да го убеди синот да го продолжи образованието и според судската пресуда побарала минимална казна затоа што таа има ниска плата во штипска конфекција, а нејзиниот сопруг бил невработен.

    Судот кој расправал по пријава на Државниот инспекторат за образование, одлучил делото да го преквалификува како прекршок за кој се предвидува казна од 15 евра до 250 евра, па изрекол глоба за мајката од 100 евра денарска противвредност и да ги плати судските трошоци.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира