ВО СКОПЈЕ ДУВА ВЕТЕР И ГО ШИРИ НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ОД ПОЖАРОТ НА „ДРИСЛА“, ВЕЛИ АНГЕЛОВ

    ВО СКОПЈЕ ДУВА ВЕТЕР И ГО ШИРИ НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ОД ПОЖАРОТ НА „ДРИСЛА“, ВЕЛИ АНГЕЛОВВечерва смрдеа на изгорена гума се чувствува во скоро сите скопски општини. (Фото: СДК.МК)

    Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата „Дрисла“ во насока на Скопје, поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) Стојанче Ангелов.

    Од вчера попладне, воздухот во Скопје силно мириса на изгорена гума откако се запали депонијата „Дрисла“, а граѓани споделуваат фотографии од кои се гледа дека густ чад има над градот. Вечерва смрдеа на изгорена гума се чувствува во скоро сите скопски општини, чадот штипе за очи и грло.

    Пожарот што избувна вчера во 15:15 часот сè уште е активен и бидејќи не можеше да се изгаси со вода почна да се затрупува со земја. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, кажаа од Центарот за уравување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)

    „И вечерва,  но и во текот продолжуваат активностите за затрупување на депонијата ‘Дрисла’. Активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро. За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија ‘Вардариште’, за што дополнително ќе информирам утре претпладне’. кажа Ангелов.

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека воздухот кој го дишат скопјани иако изгледа загадено, мерењата не покажуваат зголемени токсични вредности.

    „Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави“, рече Мицкоски.

    Оваа изјава на премиерот предизвика остри реакции на осуда во јавноста.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира