ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА Е 21-ГОДИШНАТА БИТОЛЧАНКА ПОВРЕДЕНА ВО КРАНИ СО КОЛА ШТО ЈА ВОЗЕЛО 16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

    ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА Е 21-ГОДИШНАТА БИТОЛЧАНКА ПОВРЕДЕНА ВО КРАНИ СО КОЛА ШТО ЈА ВОЗЕЛО 16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕБитолчнката е хоспитализирана во Клиничката болница, каде се наоѓа на Одделот САРИЛ. (Фото: СДК.МК)

    Во стабилна здравствена состојба е 21-годишната битолчанка А. К. која пред два дена беше тешко повредена откако во неа удри возило што го возела малолетничка, поточно од 16-годишно девојче од Скопје. Несреќата се случи вечерта на 1 мај во автокампот „Крани“ крај Преспанското Езеро, каде за време на празниците деновиве беше раздвижено од посетители.

    Од Клиничката болница во Битола за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека битолчнката по сообраќајната несреќа била хоспитализирана во болницата, во моментот се наоѓа на Одделот САРИЛ и е во стабилна здравствена состојба.

    Според полицискиот билтен, на 1 мај околу 21 часот било пријавено дека во автокампот „Крани“ во Ресен патничко моторно возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А. К. (21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата А. К. добила тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен. По преземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16-годишно девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветна пријава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира