ВО ТЕПАЧКА НА РОДНИНИ ЗА ПАРКИНГ МЕСТО УБИЕН 22-ГОДИШНИК ВО СТРУМИЦА

    ВО ТЕПАЧКА НА РОДНИНИ ЗА ПАРКИНГ МЕСТО УБИЕН 22-ГОДИШНИК ВО СТРУМИЦАТрагичниот настан се случи синоќа во турското маало во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Три лица од Струмица се приведени по синоќешната тепачка на улицата Бетовенова, кога е убиен 22-годишниот Абдула Бајрамов, а уште тројца се повредени. Лицата се фатени во Радовиш и Дедели, Валандовско, во утринските часови, откако синоќа со ножеви им нанеле убодни рани на сега починатиот и другите три лица.

    „Утрово во Радовиш полицијата ги лиши од слобода М. Ј. (22) и Р. А. (33), а претходно во село Дедели е приведена Ј. Т. (44), сите од Струмица. М. Ј. со остар предмет му нанел повреди на А. Б. (22), кој подоцна починал, додека Р. А. со остар предмет нападнал и повредил други три лица, на кои им е укажана помош во болницата. Во нападот учествувала и Ј. Т., мајката на М. Ј.“, се вели во соопштението на СВР Струмица, додавајќи дека во домовите на лицата се пронајдени предметите со кои е сторено делото.

    Според жителите на турското маало во Струмица, тепачката настанала за паркинг место. Станува збор за две семејства кои се во роднинска врска.

    „Нè шокираше веста. Не можеме да веруваме дека настрада Абдула, кој беше мирно момче. Се говори дека се карале, а потоа почнале да се тепат за тоа кој каде да паркира на улицата. Станува збор за семејства на двајца браќа“, кажаа жителите од улицата Бетовенова.

    Од болницата соопштија дека едно лице по укажаната помош е пуштено на домашно лекување, додека двете жени се хоспитализирани на хируршкото одделение и се надвор од животна опасност.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира