ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

    ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА КИРИЛ И МЕТОДИЈНовиот споменик на Свети Кирил и Методиј е подигнат на местото каде што порано постоело училише кое го носело нивното име. (Фото: СДК.МК)

    Во центарот на Штип се подигна споменик на Кирил и Методиј на местото каде што пред 70 години се наоѓало најстарото основно училиште во Штип, кое го носело името на словенските просветители.

    „Не случајно е одбрана оваа локација пред Соборниот храм ‘Св. Никола’ во Штип која одговара за еден ваков споменик, а идејното решение го искомбиниравме со кружниот тек, па оценивме дека во неговата средина најмногу одговара да се наоѓа споменикот“,  вели градоначалникот Иван Јорданов.

    Според него, споменикот се гради со финансиска помош на штипски компании кои сами се понудиле да партиципираат во инвестицијата. За уредувањето на кружниот тек и за подигнувањето на споменикот Општината вложи само 600.000 денари. За проектите има одлуки на Советот на Општината.

    Споменикот на Свети Кирил и Методиј  ќе биде откриен утре на Денот на сесловенските просветители. По тој повод, Советот на Општина Штип ќе одржи и свечена академија во чест на Кирил и Методиј.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира