ВО ВЕЛЕС НАЈДЕНО 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД СРБИЈА КОЕ СЕ ВОДЕЛО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ДОШЛО ДА СЕ МАЖИ ЗА МАЛОЛЕТНИК

    ВО ВЕЛЕС НАЈДЕНО 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД СРБИЈА КОЕ СЕ ВОДЕЛО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ДОШЛО ДА СЕ МАЖИ ЗА МАЛОЛЕТНИКСо посредство на српската амбасада детето било вратено на родителите.(Фото: СДК.МК)

    На 7 јули вечерта во дом на велешанка било најденo девојче кое во Република Cрбија се води како исчезнато. Полицијата ја предала на Центарот за социјални работи и започната била постапка за враќање дома.

    „На 07.07.2025 околу 22 часот, постапувајќи по барање на Интерпол-Србија за исчезната 15- годишна малолетничка од Република Србија, полициски службеници од СВР Велес ја пронајдоа малолетничката во домот на 30-годишната Р. Д. од Велес. Во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршен е разговор со малолетничката. Таа кажала дека доброволно е дојдена во Велес, со намера да се омажи со малолетник од Велес“, соопшти портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.

    За настанот бил известен јавен обвинител. Подоцна, со посредство на српската амбасада детето било вратено на родителите.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира