ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ИМА ЗА 14 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОПЕРАЦИИ ОТИ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

    ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ИМА ЗА 14 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОПЕРАЦИИ ОТИ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИВо 2023 имало 876 хируршки интервенции, а 776 во 2022. (Фото: СДК.МК)

    Бројот на оперативни зафати во Општата болница Велес лани е зголемен за 14 отсто споредено со 2022. Во 2023 имало 876 хируршки интервенции, а 776 во 2022. Здравствените услуги кои е можно да се реализираат во болницата даваат можност пациенти да не користат услуги од болници во други градови.

    „Најголем дел, 40 проценти, од оперативните интервенции се извршени во делот на ортопедијата и трауматологијата, во областа на ендопротетика на колкови и колена. Со тоа, заврши потребата пациентите со фрактура на колк да бараат помош во Скопје или Охрид. Се изведуваат оперативни интервенции на фрактури на проксимален фемур и операции на фрактури по најсовремени методи, како и оперативни интервенции од областа на урологија, хирургија и дигестивна хирургија. Овој тренд на зголемен обем на пружање здравствени услуги од овој вид ќе продолжи и годинава, со само една цел, што е можно помал бро пациенти да бараат помош во други здравствени институции, во други градови“, кажа Марина Андова, портпаролка на Велешката болница.

    Овие оперативни зафати се извршени во три оперативни сали во оперативниот блок, каде се извршуваат операции од хирургија, урологија, ортопедија и трауматологија.

    Наспроти бројот на зголемени хируршки интервенции на ова одделение, на акушерското имаат осетно намалена работа. Во 2023 имало 300 родени бебиња, што е за 83 помалку од 2022.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира