ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДРЖАВНИ ФИРМИ ПОВЕЌЕ ДОНИРААТ КРВ, ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОДЅИВОТ Е СЛАБ, КАЖАА НА ФОРУМ ВО ВЕЛЕС

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДРЖАВНИ ФИРМИ ПОВЕЌЕ ДОНИРААТ КРВ, ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОДЅИВОТ Е СЛАБ, КАЖАА НА ФОРУМ ВО ВЕЛЕСМинатата година, во Македонија биле собрани 8,5% крвни единици повеќе од планираното (Фото: СДК.МК)

    Во државните фирми висок е бројот на крводарители, додека во приватните е слаб и затоа треба да се работи на подигање на свеста за општествена одговорност, оти потребата за крвни единици е за сите. За ова се разговараше на Форумот за крводарителство „Нови концепти за мотивирање при доброволното крводарување“, одржан во Велес.

    „Се разгледуваа актуелната состојба со крводарителството во државата, покриеноста со крвни единици, а посебно беше потенцирано повеќе да се вклучи приватниот сектор и да се истакне општествената одговорност на компаниите. Се донесоа заклучоци кои треба да служат за зголемување на мотивираноста за доброволно крводарување“, кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

    Учесници на Форумот беа крводарители, раководството и вработени во Црвен крст, претставници на Министерството за здравство и на Институтот за трансфузиона медицина и мотиватори од локалните средини. Форумот беше организиран по повод 14 јуни, Светскиот ден за крводарителството.

    Минатата година, во Македонија биле собрани 8,5% крвни единици повеќе од планираното, односно 59.688 единици крв.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира