ВРЕМЕНО ЗА СООБРАЌАЈ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ПАТОТ БИТОЛА – ПРИЛЕП

    ВРЕМЕНО ЗА СООБРАЌАЈ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ПАТОТ БИТОЛА – ПРИЛЕПРегионалниот пат ќе биде времено затворен од понеделник. (Фото: СДК.МК)

    Заради санација на патот кај мостот на река Шемница на регионалниот пат P1101, од 18 март ќе има целосно затворање на делницата Прилеп-Битола, согласно одобрението за времена измена на режим на сообраќај, соопштија од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известувањето до „Стентон градба“, главен изведувач на проектот.

    Министерството за транспорт и врски донесе одобрение за времена измена на сообраќај за време на санација на мостот над реката Шемница. При изведувањето на градежните работи изведувачот е должен да обезбеди нормален и безбеден сообраќај за сите учесници.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира