ЗА 2 МИЛИОНА ЕВРА ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПРАВИ ПАМЕТНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

    ЗА 2 МИЛИОНА ЕВРА ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПРАВИ ПАМЕТНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕОпштината склучи договор со „А1 Македонија“ за систем за администрација, дигитализација и реконструкција на јавното осветлување. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар ќе ги менува уличните светилки и ќе поставува систем на паметно осветлување на целата нејзина територија. Општината на 5 декември склучила договор со компанијата „А1 Македонија“ за систем за администрација, дигитализација и реконструкција на јавното осветлување за паметно мерење и управување со електрична енергија-паметни ормари.

    Според договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки, Општина Центар ќе плати 2 милиона евра за имплементација на овој проект. На тендерот учествувале две фирми, „А1 Македонија“ и „Турбоинженеринг“, а како подобра е избрана понудата на телекомуникацискиот оператор.

    „А1 Македонија“ треба да направи детална анализа, изготви техничко решение за имплементација на проектот и да испорача ЛЕД светилки, мрежа и комуникациска опрема, апликација и останати материјали потребни за инсталирање и непречено функционирање на системот. Треба да направи демонтажа на постоечките светилки, да ја обезбеди потребната инфраструктура, вклучувајќи хардвер, софтвер, база на податоци и лиценци потребни за административна дигитализација, реконструкција на системот за јавно осветлување и работа на системот за паметно мерење и управување со електричната енергија-паметни ормари.

    Според договороот, компанијата треба да обезбеди гаранција и потполна функционалност на сите испорачани хардверски и софтверски компоненти во текот на целото времетраење на гарантниот рок од 36 месеци, како и да изврши обука на вработените.

    Траењето на договорот е 48 месеци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира