ЗА 4 ДЕНА ВО СКОПЈЕ ИСФРЛЕНИ РЕКОРДНИ 650 КУБНИ МЕТРИ КАБАСТ ОТПАД, ГЛАВНО МЕБЕЛ И ЕЛЕКТРОНИКА

    ЗА 4 ДЕНА ВО СКОПЈЕ ИСФРЛЕНИ РЕКОРДНИ 650 КУБНИ МЕТРИ КАБАСТ ОТПАД, ГЛАВНО МЕБЕЛ И ЕЛЕКТРОНИКАТри специјални комунални возила-самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки биле користени во акцијата. (Фото: „Комунална хигиена“)

    Шестотини и педесет кубни метри кабасат отПад, за кои „Комунална хигиена“ вели дека се рекордни, се исфрлени за време на акцијата од 18 до 22 мај во Скопје. Во сите скопски општини граѓаните исфрлиле отпад составен претежно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.

    За празнење на поставените садови, јавното претпријатие ангажираше 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила-самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки.

    „Жителите на градот Скопје покажаа огромен интерес за акцијата и уште при првиот ден беа преполнети речиси сите 40 поставени садови, додека за времетраењето на целата акција нашите екипи реализираа 130 тури за собирање и транспорт на собраниот отпад. Очекуваме дека оваа акција значително ќе придонесе за намалување на бројот на диви депонии на територијата на градот“, вели директорот Абдусамед Шабани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира