ЗА ЕДНА НОЌ СМОКОВИ ИСПРАЗНИЛЕ ГУЛАБАРНИК СО ПЕДЕСЕТИНА ГУЛАБИ ВО ЛАКАВИЦА

    ЗА ЕДНА НОЌ СМОКОВИ ИСПРАЗНИЛЕ ГУЛАБАРНИК СО ПЕДЕСЕТИНА ГУЛАБИ ВО ЛАКАВИЦАСмоци и други влекачи испразниле цел гулабарник со педесетина гулаби, само десетина успеале да се спасат. (Фото: Приватна архива)

    За една ноќ во атарот на Лакавица, Штипско наезда на смокови и други влекачи испразниле гулабарник со педесетина гулаби. Останале само десетина гулаби кои некако успеале да се спасат.

    „За викендот отидов во викендичката каде имам гулабарник и видов пустош. Пердуви на сите страни и траги од разни влекачи. Со мобилниот снимив неколку фотографии, а кога отидов од другата страна на гулабарникот затекнав смок долг повеќе од еден метар како в уста држи гулаб. Снимив уште една фотографија и кога помислив што да направам, за дел од секундата смокот се повлече во нивата“, вели сопственикот Ване Станков.

    Тој вели дека станува збор за таканаречените ноќни влекачи кои во потрага по храна обично одат во темно, па бидејќи биле повеќе ја завршиле работата за една ноќ и направиле голема штета.

    „Неодамна, дел од гулабите неодамна беа украдени, па со помош на полицијата половината ги вративме во гулабарникот, но сега биле мета на змиите и смоците кои истовремено ги уништиле и јајцата за подмладокот на гулабите“, вели Станков кој бара начин како да го заштити гулабарникот и од крадците и од влекачите.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира