Откако пред четири месеци призна дека на 10 мај 2025 ја запалил виекндичката во село Капиново, Општина Чашка, правосилно осудениот Сашо Муневски (40) сведочење во процесот во кој обвинети за истото дело се Ѓоре Петревски (56) од Ореше и Даниел Димески (37) од Прилеп. Во две и пол часовното детално и долго сведочење во Основниот суд во Велес, Муневски кажуваше како се се случило, кој бил налогодавачот, кој бил посредникот.
Рее дека со обвинетиот Петревски се познавал осум месеци пред да се случи настанот, се гледале, контактирале. Со Димевски се знаел од дете, последно време не се гледале оти бил на отслужување на казна затвор, излегол 20 дена пред опожарувањето на викендичката. Во едно видување во Прилеп, Петревски на сведокот му кажал дека има некаква работа која треба да ја завршат, за некое лице од Нежилово. Според неговото сведочење, тројцата се сретнувале повеќе пати. Со Петревски се сретнувале на крстосницата за Нежилово и Ореше, кој до таму доаѓал со мотор. Сведокот Муневскик возел автомобил, кој го управувал со потешкотии, оти нема лева рака, но има протеза.
„При една од средбите со мене и Ѓоре, лицето ми кажа дека сака да се опожари куќа и затоа ќе плати 25.000 евра. Ѓоре зборуваше дека лицето е моќно, има син инспектор во полиција, дека за него за 5 илјади евра запалил друга викендичка во Нежилово и по толку време ништо му се нема случено. Треба да се запали куќата, за да се заплаши сопственикот и избега од селото. После повеќе средби и состаноци, Ѓоре телефонски ми се јави и рече вечер да го земам Игор (испитан како сведок во процесот) и Даниел (второобвинет) со кого еднаш се видоа во парк во Прилеп. Ѓоре имаше дојава дека куќата е празна и може да се запали според договорот. Кога дојде Игор со колата, имаше туба со бензин 3-5 литри, пред предно седиште, земав и ја ставив во гепек. Заминавме за Ореше да го земеме Ѓоре. Па сите четворица отидовме, Ѓоре да ни ја покаже викенд куќата. Слеговме од колата тројцата, јас, Ѓоре и Даниел. Ѓоре застана пред портата на куќата, рече еве ја оваа е, оди заврши ја работата, јас ќе ѕвонам на лицето да ги донесе парите. Со Даниел влеговме во дворот, јас ја скршив влезната врата со шрафцигер и влеговме внатре во куќата. Се осигурав дека нема луѓе, ја полеав со бензин и со запалка ја запалив. Даниел се уплаши и се обиде со ќебе да го гасне огнот, но огнот зема замав и двајцата истрчавме од куќата. Игор нè зема со колата и се упативме за Ореше да го оставиме Ѓоре. Кога стигнавме тој излезе од колата и јас со него, прашав дали ќе дојде лицето да ги даде парите, Ѓоре извади пиштол рече да си заминеме што поскоро пред да направи поголема белја. Јас не реков ништо и со колата се вративме за Прилеп. Така, јас и обвинетиот Даниел бевме искористени за нечии цели. Парите ми требаа за раката, оти имам здравствени проблеми. Јас не добив нити денар од ветените евра“, кажа сведокот Муневски.
На прашање од обвинителката Славица Темелковски, дали вредело тоа што го сторил за седум години затвор, осуденикот во својство на сведок рече „не вредеше, ми е жал за тоа што го сторив и му се извинувам на оштетениот“.
Тој добро се сеќаваше на деталите од разговорите со Петревски со лицето кое го порачало, а не го платило пожарот, но не можеше да се сети кога, кој ден е опожарена викендичката. Лицето кое сведокот и осуден за пожарот го споменуваше како порачател, не е опфатено со обвинението.
За запалената викедничка во Капиново, обвинети се Даниел Димески од Прилеп и Ѓоре Петровски од Ореше за кривичното дело Тешки дела против оштата безебедност. Тие на почетокот на судењето кажаа не се чувствуваат виновни. Сашо Муневски призна вина и доби 7 години затвор, не најавил жалба и побарал да ја отслужува казната и таа е правосилна. Тројцата во група го сториле делото.
Сведокот Муневски пред почетокот на сведочењето го информира судот дека на 13.02 2026 во 11,45 ч. во КПД затвор Прилеп , каде ја отслужува казната затвор дошол неговиот поранешен адвокат и му кажал дека Петровски праќал закани против него и фамилијата, преку луѓе ѕвонел на домот од неговите родители да се заканува. Кажа дека досега ова не го пријавил никаде.
П. ПЕЧКОВ



