ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЌЕ ПЕШАЧИМЕ ДОДЕКА НÈ ДРЖАТ НОЗЕТЕ – ПЛАНИНАРИ ОД СТРУМИЦА ТРГНАА ПЕШ ЗА СКОПЈЕ

    ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЌЕ ПЕШАЧИМЕ ДОДЕКА НÈ ДРЖАТ НОЗЕТЕ – ПЛАНИНАРИ ОД СТРУМИЦА ТРГНАА ПЕШ ЗА СКОПЈЕПо однапред утврдена рута, со ноќевања во Дедино (Општина Конче), Љуботен кај Штип, Ѓуришки манастир кај Свети Николе и Маџари кај Скопје, планинарите во четврток ќе се поклонат на вечното почивалиште на Трајковски во Бутел. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 15 планинари, членови на ПК „Ентузијаст“ од Струмица, во наредните пет дена ќе пешачат до Скопје со цел да му оддадат почит на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски на гробиштата во Бутел. Тргнаа од пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на Трајковски во Струмица.

    По однапред утврдена рута, со ноќевања во Дедино (Општина Конче), Љуботен кај Штип, Ѓуришки манастир кај Свети Николе и Маџари кај Скопје, планинарите во четврток ќе се поклонат на вечното почивалиште на Трајковски во Бутел.

    „Трајковски нè задолжи. Тој го сакаше семејството и Македонија. Ни покажа дека само сплотени може да одиме напред. Затоа, за претседателот Трајковски ќе пешачиме сè додека нè држат нозете“, кажаа дел од планинарите на маршот долг 200 километри.

    Ова е 21. марш што го организира ПК „Ентузијаст“ од Струмица. Во чест на Борис Трајковски, тие претстојниот викенд ќе организираат и искачување на планинскиот врв „БоТра“ на планината Беласица.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира