ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ

    ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТЛицата со инвалидитет ќе можат да ги следат културните настани кои се одржуваат во Херајлеја, а и да го разгледаат локалитетот. (Фото: СДК.МК)

    За првпат, античкиот локалитет и амфитеатарот во Хераклеја во Битола станаа пристапни за лицата со инвалидитет. Во рамките на проектот „Смарт-кул-тур“ финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, поставени се лифт и метални пристапни рампи со кои се совладани архитектонските бариери во локалитетот. Со ова, лицата со инвалидитет ќе можат да ги следат културните настани кои се одржуваат во Херајлеја, а и да го разгледаат локалитетот.

    Покрај ова, целосно реконструиран е и таканаречениот Римски пат кој води до локалитетот, осовременет е музејскиот простор, а изработени се и на аудиоводичи на седум јазици.

    „Обезбедени се средства во висина над 704.000 евра и направени се сериозни инфраструктурни зафати во делот на пристапност до самата Хераклеја со таканаречерниот Римски пат, каде целосно е преуреден коловозот, архаично е адаптиран на локалитетот, целосно е променето осветлувањето“, рече градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

    Партнери во проектот се Општините Битола и Пустец, Завод и музеј- Битола, Регионален директорат за култура од Корча и МКЦ-Битола. Вкупниот буџет за „Смарт-кул-тур“ е 704.590 евра, од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а останатите 15 проценти државата.

    „Ја поддржавме реконструкцијата на Римскиот пат за да се врати неговиот првобитен изглед, помогнавме да се подобри пристапот на локалитетот за посетителите, вклучително и на оние со попреченост. Повеќе луѓе ќе можат да уживаат во убавините на локалитетот“, рече евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната промоција на адапатциите во Херајлеја.

    Од албанска страна се реконструираше постоечката стара училишна зграда, во која ќе има поставка на Стерјо Спасе во село Глобочани, Општина Пустец.

    „Со ова се прави значен придонес за се зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. За прекуграничната соработка развиени се уште 5 туристички пакети за регионот Пелагонија-Корча “, рече премиерот Зоран Заев.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира