ЗА ТРИ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ОТСТРАНАТ ТЕШКИТЕ МЕТАЛИ ОД ВЕЛЕШКАТА ПОЧВА АКО ПОМОГНЕ ДРЖАВАТА

    ЗА ТРИ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ОТСТРАНАТ ТЕШКИТЕ МЕТАЛИ ОД ВЕЛЕШКАТА ПОЧВА АКО ПОМОГНЕ ДРЖАВАТАЗа намалување на тешките метали површината ќе треба три години да се деконтаминира, велат еколозите кои изведоа едногодишпен процес на деконтаминација на еден хектар близу Топилница, но велат дека во тоа целосно мора да се вклучи државата (Фото: СДК.МК)

    Тешките метали можат да се чистат од велешката почва, утврдија велешките  екологисти кои изведоа едногодишна примена на процесот на деконтаминација. Површината на која е изведена пробата била  на еден хектар близу Топилница, каде  има највисока загаденост на почвата со тешки метали – олово, цинк и кадмиум – таму била засадена маслодајна репка.  Резултатите покажале дека оловото може да се апсорбира, но кадмиумот тешко.

    „По деконтаминацијата извршена годинава, споредбено со 2010  и 2016, вредностите на  олово се далеку под резултатите од пред 7 години  и ланските. За една година, концентрациите на оловото се во границите за живеење – под интервентната вредност, на цинкот над интервентната, но тој не е така опасен по здравјето. За намалување на тешките метали површината  ќе треба три години да се деконтаминира.  Цинкот потешко се апсорбира, сепак дава надеж дека може да се исчисти. Но проблемот го создава кадмиумот, кој е со енормни високи концентрации во тестираното растение и во почвата. Резултатите покажуваат дека стеблата на растенијата се со такви вредности на тешки метали,  што не смеат да се користат за  никаква намена“, вели Војче Димовски, потпретседател на еколошкото друштво Вила  Зора.

    „Цинкот потешко се апсорбира, сепак дава надеж дека може да се исчисти. Но проблемот го создава кадмиумот, кој е со енормни високи концентрации во тестираното растение и во почвата. Резултатите покажуваат дека стеблата на растенијата се со такви вредности на тешки метали, што не смеат да се користат за никаква намена“, вели Војче Димовски, потпретседател на еколошкото друштво Вила Зора

    Затоа е потребно е да се започне со чистење на  велешката почва,  која  е високо  загадена со тешки метали. И покрај тоа што Топилницата не работи 14 години, резултатите од нејзината работа велешани уште ги чувствуваат. Извршена е анализа на добиените вредности за периодот 2010 кога мерење извел проф. Трајче Стафилов,  лани пред засејувањето  и за оваа година по одгледувањето на маслодајната репка. Анализите се правени во референтна лабораторија,  а тоа е атомската лабораторија на Центарот за јавно  здравје Велес .

    Присуство на тешки метали во почвата е следно за 2010-та,  пред деконтаминацијата во јуни 2016-та и по деконтаминација во август годинава:   Оловото 2010/2106/2107 – 560/ 620/370; Цинк 2010/2016/2017 – 600/1300/1212. Или, оловото  годинава го имало помалку  за 40,5 %   до 20 см длабочина и 43,1% под 20 см. Поради енормно високите вредности на  кадмиум не може да се утврди која е долна која е горна граница на присуство на кадмиум. Вредностите покажуваат дека во 2016 имало повисоки концентрации на тешки метали во велешката почва, отколку во 2010 иако Топилницата не работи. Тоа е поради тоа што таа не е прописно затворена, како и од ридот со троска, заедно од нив се разнесуваат честички со тешките метали, што резултира со повисока загаденост.

    Еколозите велат дека се потребни се три години работа за да делумно се исчисти велешката почва, но потребно е државата да помогне оти таа е е одговорна.

    „Доставени се писма до министерствата за животна средина, за земјоделие и за здравство за вклучување на државата во деконтаминацијата на почвата и за правење на  заедничка  стратегија за деконтаминација на почвата со точно утврден начин, времетраење, потребни финансии. Не може во центарот на градот, во градинките да се сади маслодајна репка, но може да се промени почвата и да се садат рози“,  вели Димовски.

    За овие 10-тина години по затворањето на Топилницата, извршена е само промена на ДУП за пренамената на земјиштето, но ништо друго не е преземено. И покрај тоа што Топилница е затворена, таа загадува преку депонијата за троска.  Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, најави дека една од првите мерки на ова Министерство   која е планирана ќе биде донесување на соодветен закон.

    „Ќе донесеме Закон за почвите, оти таков не постои. Со него системски   ќе се реши проблемот, не само во Велес туку и за сите црни еко точки во Македонија“,  изјави Макрадули.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира