Унгарски параглајадерист загина попладнево во близина на битолското село Новаци, откако при летање удрил во далековод, потврди МВР.
Случајот во МВР во 18 часот го пријавил организаторот на меѓународниот натпревар во летање со параглајдери и змаеви, кој што деновиве се одржува во Македонија. Полетувањата требаше да бидат на Мечкин Камен во Крушево, но поради неповолните временски услови беа преместени во Трескавец.
Од МВР велат дека причините за смртта ќе се утврдуваат, а на терен се врши увид.