ЗАГЛАВЕНИ КОЛИ НА ПАТОТ ОД ПАНТЕЛЕЈМОН ДО СРЕДНО ВОДНО, ОД ОПШТИНА КАРПОШ ВЕЛАТ ДЕКА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ НЕ ГО ЧИСТИ СНЕГОТ

    ЗАГЛАВЕНИ КОЛИ НА ПАТОТ ОД ПАНТЕЛЕЈМОН ДО СРЕДНО ВОДНО, ОД ОПШТИНА КАРПОШ ВЕЛАТ ДЕКА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ НЕ ГО ЧИСТИ СНЕГОТУтрово повеќе возила не можеле да го продолжат патот кон средно Водно и останале заглавени во снегот. (Фото: Општина Карпош)

    Патот од црквата Свети Пантелејмон со Средно Водно за автомобили не е прооден поради снегот. Утрово, како што објави Општина Карпош, повеќе возила не можеле да го продолжат патот кон средно Водно и останале заглавени во снегот.
    „Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица. Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот“, велат од Општината.
    „Надлежен за одржување на овој пат е ЈП ‘Македонија пат’, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, додаваат од Општина Карпош.
    Патот во моментот е безбеден само за пешачење. Патеката изминативе денови беше раздвижена од пешаци, а децата се санкаа од угорницата до комплексот Македонско село. Повеќето автомобилите ги паркираат на паркинзите кај црквата и одат пеш накај Средно Водно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира