ЗАКУПЦИТЕ НА БАЗЕНОТ И БИЛБОРДИТЕ ДОЛЖАТ 14О.000 ЕВРА ОТИ СО ГОДИНИ НЕ ПЛАЌАЛЕ КИРИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

    ЗАКУПЦИТЕ НА БАЗЕНОТ И БИЛБОРДИТЕ ДОЛЖАТ 14О.000 ЕВРА ОТИ СО ГОДИНИ НЕ ПЛАЌАЛЕ КИРИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕСЗакупците не плаќале со години, а Општина Велес не реагирала (Фото: СДК.МК)

    Закупецот на Градскиот базен во Велес три  години не плаќал кирија, а  четири години билбордите   се користеле без да се продолжи договорот, соопшти градоначалникот на Велес Аце Коцевски. Тој рече дека двете фирми, „Снупи“ и „Скрин медија“ не  платиле 140 илјади евра за општинскиот буџет.

    „Од 2015 до 2018 до денес, Општината не добила закупнина од ‘Снупи’ со којс е  склучен договорот, освен 130 илјади денари кои се платени лани, а се однесуваат за 2015. Закупецот не плаќал со години, а Општината не го раскинувала договорот. Вкупниот долг е  2,4 милиони денари  па и да се активира хипотеката, Општината не би се израмнила. Зошто не е реагирано толку години и се трупал долг, не знам. Згора на тоа,  состојбата со Базенот е толку лоша, што  таму сега е не е безбедно  да се склучи договор со друг субјект и  да му се даде да го стопанисува. Ќе правиме целосна анализа за состојбата, за партерното уредување и за коритото. Потоа ќе одлучиме дали ќе го санираме до почетокот на пливачката сезона и  ако е можно да се изнајми на друг.  Ако постои опасност по капачите, ако е голем дефектот, годинава може и да паузира, за  да се санира. Дадов налог да се раскине договорот, а ќе го изнајмиме само ако биде безебден за капачите“, рече Коцевски.

    Годишната сума за закуп за безенот била 624 илјади денари, а ова е седма година како закупецот „Снупи“ го користи од десетте со договорот на колку е изнајмен. Сличен проблем градоначалникот посочи и со билбордите во велешко. Иако договорот на фирмата која стопанисува со нив истекол уште во  2013, таа уште ги користи, но ништо не плаќа кон локалната власт. Во велешко, „Скрин медија“ од  Тетово има поставено 40 билборда. Тие редовно се менуваат со нови плакати.

    „Договорот со ‘Скрин медија’ од Тетово е истечен во 2013, но и натаму фирмата ги користи билбордите на територијата на Општината. Буџетот е оштетен за 100 илјади  евра  или   6 милиони денари.  Корисникот има обврска да плаќа надоместок за користење, комунална такса за секој билборд и потрошената струја, што во пракса не се случува“, рече Коцевски и најави дека е започната постапка за наоѓање нов закупец кој ќе ги користи  во  наредниот период.

    На  новинарско прашање дали Коцевски како кандидатат за градоначалник платил за  билбордите каде тој се рекламираше во кампањата за локалните избори, тој  потврдно  одговори, но не знае дали другите учесници во изборната трка платиле и лани и годините наназад.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира