Прилепскиот новинар Зоран Милошески објави на Фејсбук дека ноќеска му било запален автомобилот, паркиран во неговата гаража. Според објавата на социјалната мрежа, противпожарната единица интервенирала веднаш откако соседите го виделе возилото како гори, а увид направила и екипа на прилепската полициска станица.
„Околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата. Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено“, вели Милошески, кој е сопственик на веб порталот „Публикум“.