Автомобилот на судијата Мирсад Суроји од Куманово, кој е актуелен член на Судскиот совет, ноќеска е запален.
Судијата е недостапен, од МВР зборуваат само со иницијали за сопственикот на изгореното возило марка ауди А6“.
„На 04.04.2024 во 23.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица ‘Драгојло Диндиќ’ во Куманово настанал пожар во паркирано патничко возило ‘ауди’ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(42) од Куманово. Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово“, соопшти денеска МВР.
Според она што се обидовме да го дознаеме, се бараат причините за пожарот. Другите возила околу ‘аудито’ на судијата, не се опожарени, па се бараат и можни сторители за намерно палење на колата на Суроји.
Освен од оштетениот судија, коментар денеска не можевме да добиеме ниту од неговите колеги од Судскиот совет.
С. К. ДЕЛЕВСКА