ЗАСАДЕНИ 12 ИЛЈАДИ БАГРЕМИ ВО АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ОПОЖАРЕНИОТ ДЕЛ ПОКРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ

    ЗАСАДЕНИ 12 ИЛЈАДИ БАГРЕМИ ВО АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ОПОЖАРЕНИОТ ДЕЛ ПОКРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТСадниците багрем беа засадени на површина од 10 хектари. (Фото: СДК.МК)

    Во денешната акција на пошумување на опожарениот дел од езеро Младост, беа засадени сите 12 илјади набавени садници багрем. Во акцијата според организаторот Општина Велес, учествувале околу 200 лица, од невладини -граѓански здруженија, вработени во локалната власт, музејот, библиотеката, училиштата, ЈКП Дервен, но и од армијата, пожарникарите.

    „Ме радува што во акцијата учествуваа пратениците од Велес, од власта и од опозицијата, претставници од двете партии. Ова покажува дека велешани знаат да бидат сплотени за доброто на градот. Ништо не е поважно од здравјето на граѓаните“, кажа градоначалникот Коцевски.

    Садниците багрем беа засадени на површина од 10 хектари. Површните беа подготвени од страна на вработени на ЈП Македонски шуми ПЕ „Бабуна “ Велес. Ова е втора акција на пошумување на просторот околу езеро Младост, кој изгоре во пожар август минатата година. При минатогодишната акција, исто во декември, беа засадени 13 700 садници и безмалку сите биле зафатени. Општина Велес има отворено и наменска сметка, за набавка на садници за пошумување, на која досега се собрани вкупно 192.400 денари.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира