ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕЛЕС ДОБИ НОВИ АПАРАТИ ЗА АНАЛИЗА НА КРВТА, БОЛНИТЕ НЕ МОРА ДА ОДАТ ВО СКОПЈЕ И ШТИП

    ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕЛЕС ДОБИ НОВИ АПАРАТИ ЗА АНАЛИЗА НА КРВТА, БОЛНИТЕ НЕ МОРА ДА ОДАТ ВО СКОПЈЕ И ШТИПСо трите нови апарати во лабораторијата, за анализи веќе не мора да се оди во Скопје, Штип или Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Дијагностичкат лабораторија при Здравствениот дом во Велес доби два нови современи апарата за испитување на крвта, па пациентите од градот и Велешко не мора да одат до Скопје или Штип за вакви анализи.

    „Со биохемискиот анализатор се работатат секојдневни проверки на крвта според ЛУ-1 упат за пациенти кои се испраќаат од матичните доктори. Тука спаѓаат испитување гликоза, холестерол, креатинин, триглицериди, уреа, АЛТ, АСТ, железо. Се работат и тримесечен шеќер, ЛДХ, билирубини, албумени, протеини, вкупен калциум, што досега не бевме во можност да ги работиме. Овој апарат многу брзо ги обезбедува резултатите, работи со 800 анализи за еден час. Бидејќи обемот на работа е многу зголемен, овој апарат е добредојден“, кажа д-р Светлана Црнушева, специјалистка по медицинска биохемија, раководителка на лабораторијата.

    Во оваа лабораторија се извршуваат проверки на ЦРП и д-демери во крвта на позитивните со ковид-19, и тоа веќе не се извршува во лабораторијата од Општата болница во Велес.

    „Со вториот апарат се мерат супстанци кои се во мала концентрација во крвта. Затоа се користи за мерење на тумор маркери, хормони и витамини. Овде можат да ги користат услугите сите пациенти кои се со ЛУ-2 упат. Со новиот апарат го работиме целиот тироиден статус како и антитироидни антитела. Тие сега не мора да патуваат до Скопје, можат и во Велес да ги добијат потребните наоди и резултати“, вели д-р Црнушева.

    Одделението за рентген за заби доби нов апарат за тридимензионално снимање. Постапката на снимање трае 10-тина минути и податоците кои се добиваат се многу јасни и точни.

    „Апаратот е со најнова технологија, нема многу такви во земјава, има во Скопје, Тетово и Велес. Пациентите добиваат многу квалитетна, прецизна слика за состојбата со нивните заби за имплатанти, или кога има потреба од тешки оперативни зафати со оштетување на забите“, вели д-р Лујза Гочева, специјалист-радиолошки технолог.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира