„ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“ ЈА КАНДИДИРА АНА ПЕТРОВСКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕ

    „ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“ ЈА КАНДИДИРА АНА ПЕТРОВСКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕПетровска вели дека нејзините идеи за идно Скопје во најголем дел се совпаѓаат со оние на „Зелен хуман град“ (Фото: К. Попов)

    Поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска на претстојните локални избори ќе биде кандидатката за градоначалничка на Скопје на активистичката коалиција „Зелен хуман град“. Ова следува само две недели откако Владата ја разреши Петровска од функцијата, на која дојде како кадар на ДОМ, по нејзиното разидување со лидерката Маја Морачанин.

    „Ова е голема привилегија. Чувствувам голем ентузијазам од луѓето кои се приклучија на оваа иницијатива. Ние имаме една заедничка визија. Пред да ја прифатам кандидатурата, тие веќе имале развиено идеи и тези како да се управува со градот и тие во 90% се совпаѓаат со моите идеи. Тоа значи дека заедно можеме да ги направиме промените што граѓаните ги очекуваат“, изјави Петровска.

    Драгана Велковска, која ќе ја предводи советничката листа на „Зелен хуман град“заедно со Горјан Јовановски, вели дека почнале со собирањето потписи.

    „Веќе ги поднесовме нашите листи во четири подрачни канцеларии на ДИК и ни остануваат уште Сарај, Ѓорче Петров и Карпош за да го опфатиме целиот град“, рече Велковска.

    Петровска истакна некои од идеите со кои „Зелен хуман град“ планира да го направи Скопје подобро место за живеење.

    „Сакаме да го отвориме Град Скопје за јавност, ќе организираме буџетски форуми, ќе ги вклучиме младите, маргинализираните групи и лицата со хендикеп во носењето одлуки, ќе работиме на нов ГУП за да се запре бетонизацијата на Скопје и да се заштити и унапреди постојното зеленило, а многу важни теми ќе ни бидат и намалувањето на загадувањето и подоброто управување на отпадот. Сакаме да ја затвориме депонијата Вардариште, која е рак рана на градот“, кажа Петровска.

    Потписите за независните исти се собираат до 30 август, од 8 до 20 часот, а на 30 август и до 24 часот, во локалните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) во Општините.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира