2012 – ЗА ТАТКОВИНАТА СЕ РАБОТИМЕ

a:2:{s:14:"td_primary_cat";s:2:"21";s:11:"td_subtitle";s:185:"ИзгледадекаКироГлигоровнееумрен.Самонавремесетргналодземјава.Заданегогледаовојциркус

    6 јануари
    Македонија се преврте ничкум. Комунистите, во дворот на седиштето на партијата, палеа свеќи за починатиот претседател Киро Глигоров и се крстеа. СДСМовците се тотално збунети. Сакаат да бидат поголеми ВМРО-вци од ВМРО-вците. А религиозните конзервативци, една недела пред Божик, мрсеа со воловско и прасеш ко месо. Правоверните ВМРО-вци, среде пост, се однесуваа најбезбожнички, како комунисти од времето на Тито.

    14 јануари
    Уште од почетокот на проектот “Скопје 2014” сметав дека тоа е прашање на вкус. Ако досега сум се смеел на Триумфалната капија и сум ја сфаќал како објект од тематски парк во Дизниленд или реплика во Лас Вегас, намената исклучиво за привлекување туристи, ова со зградата на Владата веќе не е смешно. Наивно верував дека и “Скопје 2014” нема врска со идеологија, туку дека станува збор за несовпаѓање на вкусовите. Изградија нови објекти. Добро. На крајот на краиштата, ни барокот ни неокласицизмот не се неминовно грди. Но кога ги видов решенијата за реставрација на зграда на награден објект од модерната, јасно е дека не станува збор за разлики во вкусовите. Ова веќе е чиста идеологија. Која порачува: “Времето почнува од мене. И подобро ви е да се согласите со тој факт. Оти во мене е силата”.

    14 април
    Чудни чуда се случуваат во Македонија. Петкратно убиство во близина на Скопје завчеравечер, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се појави дури вчера доцна попладне лично, а не преку соопштенија, да повика да не се шпекулира за да спречи натамошно насилство. Во вакви моменти се гледа дали функционира државата. Во вакви моменти ми треба премиерот Никола Груевски да ми каже дека има контрола на ситуацијата. А не кога се слика на отворање бензински пумпи и на толкување чудни појави во црква. Во вакви моменти ми треба министерката за внатреш ни работи Гордана Јанкуловска да ме убеди дека знае да ја организира работата за да се чувствуваме безбедно. А не да се чуди што чудо ја снашло на Велипеток, и тоа 13-ти, исто како што се чудеше како во Македонија нелегално влегле 1.000 покерапарати за нелегални казина. Вчера денот требаше да почне со нив. А не со шпекулации. Што чекаа повеќе од 15 часа? Да излезе со изјава амбасадорот на САД Пол Волерс, како пред еден месец по двојното убиство во Гостивар и да ги повика нив да си ја вршат работата? Или, пак, се надеваа на уште некоја изјава на владиката Агатангел за да фрли анатема на сите оние што не мислат како нив, за секој случај, оти некој може пак ќе побара оставка од министерката? Или наједноставно им е да се пуштат шпекулациите по медиумите, да се подгрева говорот на омраза на Фејсбук и да се пребројуваме колку Албанци и колку Македонци сме останати. Да се давиме во калта. Па после сите ќе се чудиме што чудо н снашло. Ама ако продолжи вака, веќе ни чудо не ќе може да н спаси.

    5 мај
    Зарем власта заборави во какво време живееме? Зарем опиени од рејтинзите, омразата кон опозицијата, понижувањето на новинарите, игнорирањето на вистинските проблеми, купувањето тендерски мир со ДУИ и тврдоглавото трошење пари за самопромоција за да ни докажат колку се успеш ни, заборавија дека Македонија не е изолиран остров безбеден од тероризам? Факт е дека има пет жртви, убиени без причина и барем засега без мотив. Факт е дека има петмина осомничени со кривични пријави за тероризам, од кои двајца се во бегство. Факт е дека Македонија изгуби невиност и отсега, па натаму министерката, па и кој било што би ја наследил, не ќе може да се правда дека “брутално н потсетија на што треба да бидеме подготвени”. Ама ми е страв дека и оваа лекција нема да ја совладаме.

    2 јуни
    Добро е што Букефал е исправен на задните две нозе. Така е поставен, што кога ќе го дигнеме погледот кон него, најубаво се гледа за кој кур толку пари ни потрошиле.

    14 јули
    СДСМ бараше да се установи нова државна награда што ќе се вика “Киро Глигоров”. Два дена се расправаше со ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. За едните, заслугата на Глигоров за независна Македонија е неспорна. А за другите, Киро Глигоров е контроверзна фигура и требало да помине поголема временска дистанца. И Киро не доби награда. Ама вчера одржа прес ВМРО-Народна. Чиј лидер е Љубчо Георгиевски. Најголемиот идеолошки противник на Киро Глигоров. Човекот кој целата политичка кариера ја градеше со напаѓ ање на политиката на Глигоров. Неговата партија вчера соопшти дека, покрај на Љубчо, “придонесот на Киро Глигоров е голем и историски” и побара да му се даде “достоинствено место во општествениот живот и во историјата на Република Македонија”. Луѓе мои, што се случува? Се испреврте државава. Изгледа дека Киро Глигоров не е умрен. Само навреме се тргнал од земјава. За да не го гледа овој циркус.

    18 август
    Тројца министри од ДУИ положија венец, а офицери на АРМ салутираа пред споменикот на паднатите учки во Слупчане. Врховниот командант на АРМ, \орге Иванов, не знаел кој ги пратил офицерите, Владата на Груевски, во којашто седат тројцата министри од ДУИ што се наследници на УЧК, вели дека тоа не било официјално чествување, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ му се лути на коалицискиот партнер оти со “униформираните лица” собирале евтини политички поени пред сопствениот електорат, а СДСМ, како потписник на Рамковниот договор, кој прв коалицираше со ДУИ, одеднаш сега се згрозува. Смешни се од ВМРО-ДПМНЕ. Ама уште посмеш ни се од СДСМ. Тие демек се поголеми националисти од националистите. Па го пуштаат Гордан Георгиев од ливче да прочита колку е гневен. Да внесеше малку страст, па барем неговите да му веруваа. Дека вистински го мисли тоа што го чита. Кој на кого тука му ја навредува интелигенцијата? Рамковниот договор е завршена работа уште пред 11 години. Зошто секоја година ова време се прават патриоти и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ДУИ кога Рамковниот веќе не е мегдан за патриотизам. УЧК е во Владата веќе 11 години. Активно учествува во носењето на одлуките за државата. Пред 11 години победија и ние мораме да живееме со тоа. И живееме. Па и хашките случаи за воени злосторства од страната на УЧК се изгласани во Собранието. Не беа изгласани во кафеана. И веќе нека не прават циркуси кој кому се поклонил и со каква униформа.

    25 август
    Обединувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се одвива и меѓу пониските ешалони. Ги обединува љубовта кон Цеца. И кон српскиот турбофолк воопшто. Тоа што го направи градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, пред три години, ова лето го направи градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. Ја викна српската турбофолкерка, сопруга на воениот злосторник Аркан и обвинета за учество во атентатот на српскиот премиер \инѓиќ, за пари на граѓаните да пее на плоштад. Ќе дојдеше Цеца и порано, ама не можеше. Лани беше во домашен притвор. Е тоа е очај. Која народна опозиција ќе те спасува од оваа ненародна власт? Опозиционен градоначалник, башка високопрофилен политичар во партијата со државни пари ја плаќа Цеца да му пее, па плус и се радува оти таа му рекла дека ќе стане премиер. Оф леле, мајко. Оти таа има искуство со премиери. Со \инѓиќ, на пример… И сега каде е новиот партнер на СДСМ, Љубчо од ВМРО-Народна, да го одликува Заев за овој културен патриотизам. Ако му дадоа на Марјан од Прилеп “Златна шајкача” оти ја донесе Лепа Брена, партнерот Заев заслужил најмалку “Платинеста шајкача”. Или “Дијамантски опинок”. Знаев дека половина од СДСМ-овците се на привремена работа во ВМРО-ДПМНЕ. Ама се откри дека барем еден ВМРО-вец е на привремена работа во СДСМ. Се вика Зоран Заев. Гради цркви и плаќа српски турбофолкерки. Баш ќе му личи одликувањето.

    8 септември
    Имаше ли некоја изјава од американската амбасада во Скопје откако отворањето основно училиште во Џепчиште, изградено со пари од македонскиот Буџет, се славело со албанската химна? Притоа заменик-министерот за образование изјавува дека нема ништо чудно во тоа оти таму децата учат на албански јазик. И се работи за деца што живеат во Македонија и имаат македонско државјанство. Плус и Џепчиште е во Македонија. Дали и оваа изјава ќе биде пофалена како “визија и патриотизам”, исто како што американската амбасада го пофали поклонувањето пред споменикот на учките во Слупчане на министерот за одбрана Фатмир Бесими, сосе офицери во униформа на АРМ? Многу би сакал да знам дали и во САД би го сметале за патриотизам и визија свирењето на мексиканската химна на отворање јавно училиште во Тексас, изградено со пари на американски даночни обврзници, само затоа што таму учениците ќе учат на шпански? И дали ќе се смета за визионерство и за патриотизам ако советниците на општината во која повеќе од 25 отсто се Арапи, одлучат школата, место “Мартин Лутер Кинг”, да се вика “Осама бин Ладен”? Тој ја нападна Америка, исто како што Македонија беше нападната од УЧК. И сега, едно училиште во Чаир ќе го носи името на “легендарниот командант” на УЧК, Адем Јашари. Баш ме интересира дали ова би се сметало за визија и патриотизам во држава која се колне во почитување на законите. Оти кај нас Албанците прават наопаку. Тие прво ќе го скршат законот, ќе направат беља, па ќе ја легализираат бељата. Каде одат овој патриотизам и оваа визија?

    14 септември
    Во Македонија страдаме од болеста кусо паметење. Ќе се искараме за Ванчо Михајлов и за Тодор Александров, ама кој ли уште се сеќава на убиството кај Смиљковското Езеро. Освен очајните родители, роднините и пријателите на петтемина убиени. И кој ли се сеќава со чии гласови беше изгласана амнестијата на злосторствата на ОНА?

    29 септември
    Пред две недели, за темата протести и контрапротести, напишав дека почнале да го даваат “Монти Пајтон” на вести. И дека стварноста ни е како во нивниот филм “Брајановото житие”, во кој Народниот фронт на Јудеја се тепа со Фронтот на Народна Јудеја. Е па завчера се случи и тоа. Пред Собранието на Македонија, во исто време се најдоа Народниот фронт на Јудеја и Фронтот на Народна Јудеја. Досега се собираа на различ ни места и во различно време. А сега првпат случајно се погодија пред Собранието. И се соочија едни со други. А кутрите полицајци, се збунија. Па место да ги штитат институциите на државата како што е вообичаено при протести, сега мораше да го бранат народот сам од себе.

    27 октомври
    Кај нас се подготвува сексуална револуција. На Денот на револуционерната борба премиерот Никола Груевски зборуваше за рецесија на нацијата. Па по тој револуционерен говор на сите поделби што ги поттикна во државата, придаде уште една на јалови и на родилки. Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски, кој десетина дена пред тоа на Меѓународниот ден на женското дете измисли тема за геј-бракови, сега најавува нова владина кампања за семејни вредности. Може ли јас без да се пријавам на тендерот, да дадам бесплатен придонес во сексуалната револуција? Ќе се задржам само на идеи кои деновиве ми паѓаат на ум или сум ги слушнал. Оти сите се возбудени, а тоа активно продуцира мисли. На пример, одлич ен слоган би бил: “За татковината се работиме”. Тоа изгледа ударнички и за двајцата партнери во здравото семејство. А и патриотски е. Ако им се обраќате само на мажите, тогаш пораката е: “Вадење надвор никако”. Жените, пак, мора да се подучат да си ги чуваат јајниците уште од мали. Со слоганот: “Покриј си ја половината за да се множи татковината”. Бидејќи станува збор за конзервативна влада, се наметнува дилемата дали покрај спотовите треба на јавниот сервис да се пуштаат порнофилмови. Се разбира, во разумно време. Откако ќе ги успиете децата. Тоа раѓа продуктивна напаленост кај нацијата. Овој комплекс владини мерки ќе биде засилен со ставање на кондомите на списокот на акцизна стока. Да бидат толку скапи за да не може секој да ги купи. Не е лошо Влатко \орчев да предложи во Собранието закон за задолжителен секс најмалку три пати месечно. Ама да докажеш. Ако не е видливо од лицето на домаќинката, тогаш Тодоров нека ги постави камерите од болниците и нека се врзат во мрежа со Центарот за комуникации на Илија Димовски. Оние што сакаат да задржат приватност, може да повикаат тричлена комисија. Сме ги заборавиле партиските тројки од почетокот на првиот мандат на Груевски. Премиерот ќе свика уште една голема средба со сите стопански комори во “Александар палас” за да може да им ги соопшти мерките и на бизнисмените. Оти законски, жените мора да овулираат еднаш месечно. Тоа треба да им го пријават на работодавците. И ќе добијат слободен ден. Бизнис-заедницата треба да се консултира дали е спремна и на мажите да им исплаќа празнична дневница. Оти на жените не мора да им плаќаат. Тие и онака треба да се среќни дека добиле шанса да родат. Оти тие не треба да работат за пари и за кариера. Тие работат колку да пополнат слободно време меѓу две раѓања. На крај ќе следува и отворена седница на Владата на која министрите ќе му даваат отчет на премиерот кој колку остварил. Јавно да признаат колку пати можат без вадење. А министерките нема што да се прашуваат. Тие и онака се таму за да слушаат. Нема оправдување за неостварување. Ако си пукал во празно, не те спасува ни точка разно.

    3 ноември
    Премиерот Никола Груевски вчера рече дека вистината има централно место во неговата политичка филозофија. И дека тоа му е заедничко со новинарската професија. Е па и мене ми е вистината во центарот на системот на вредности на мојата новинарска филозофија. И затоа, за волја на вистината, сакам да му укажам на премиерот како во практиката се јавуваат разни портпароли и шефови на кабинети и некакви комуникациски центри за да спречат новинарска потрага по вистината. Не знам дали премиерот е запознат дека во негово име неговите вработени му ја уриваат филозофијата за вистината. Како што одминува времето на нивното владеење, така се засилуваат. Секој пат кога новинар ќе им се јави за прашање за која било, а особено чувствителна тема, портпаролите и шефовите најбезобразно се јавуваат и бараат да не се пишува за тоа. Еве еден добронамерен предлог за размислување. Во име на филозофијата на вистината во која и премиерот и јас веруваме. Размислете. Секој пат кога од име на партијата или од позиција на сила ќе се јавите и ќе се заканувате барајќи нешто да не се објави, помислете дека ќе дојде време кога и вие нема да бидете на власт. Ако сега спречувањето на медиумите да поставуваат прашања го направите правило, утре секоја власт уште побрутално ќе го користи тоа правило. Уништувајќи го слободното новинарство, се уништувате и себеси. Кога нема да бидете власт, вам ќе ви треба да се поставуваат прашања и да се бараат одговори за отчетност на власта. Утре ќе нема кој да ја каже вашата вистина. Тогаш кога најмногу ќе ви треба. А ќе ви треба. Многу ќе ви треба.

    17 ноември
    Прво ги понижија архитектите. Им дадоа урнек како треба да им изгледаат зградите, а на старите згради што не им се бендисуваа им го сменија ликот. Потоа на ред дојдоа вајарите. Ним им кажаа кои ликови да ги извајаат, им дадоа калапи како да им изгледаат скулптурите, ама им рекоа да не им ставаат име. Професорите одамна ги поделија со прашањето: “А ти за кого си?” Судиите самите си фатија страна. А нас, новинарите, н исплашија и н замолчаа, дотаму што веќе тајно си разменуваме прирачници за самоцензура. Лекарите дури и долго издржаа. Сега ги третираат како општи работници примени по препорака од штабот за да работат на норма. Па дури и дали некој извадил панкреас наместо бубрег, не е важно. Важно е нормата да биде исполнета. Баш ме интересира дали на оној уролог што извадил панкреас наместо бубрег и тоа му е влезено во системот плата по учинок. На почетокот на штрајкот директорите на докторите им барале списоци кој ќе штрајкува. Отпосле почнале да бараат списоци кој нема да штрајкува. Сакаат да ја организираат работата во услови на штрајк? Или прават анкета: ‘А ти за кого си?”

    1 декември
    Министерот за здравство Никола Тодоров прво со судска пресуда им го забрани штрајкот на лекарите. Потоа одбиваше да признае дека лекарите штрајкуваат. Дури и јавниот сервис МРТВ не информираше за штрајкот. Потоа премиерот, на јавна седница на Владата, рече дека работите ќе си легнат и дека лекарите со време ќе сфатат дека грешат. А вчера министерот Тодоров, конечно, виде дека, сепак, штрајк има и се закани дека од понеделник ќе преземе законски санкции. Ова веќе губи смисла. И веќе не станува збор само за штрајкот на лекарите. Овде станува збор за ароганција на власта со која се укинуваат цивилизациски придобивки. Нели, кога веќе еднаш правото на штрајк сме го ставиле во Уставот, сме прифатиле дека сме цивилизирана земја? И сега, 21 година по донесувањето на Уставот на независна и демократска Република Македонија, проблемот на нефункционалното јавно здравство сакаат да го решат со истата ароганција со која ги сменија фасадите во центарот на Скопје, не почитувајќи го правото на меморија, историја и културно богатство. Оти и фасадите што не им се допаѓ аат се цивилизациска придобивка. Исто како што е и правото на штрајк. Можеби, по извесно време нема ни да се сеќаваме дека некои доктори некогаш штрајкувале. Ама ќе се сеќаваме дека оваа власт арогантно се обиде да укине цивилизациска придобивка. Работите ќе си легнат, како што би рекол премиерот. И сите ние ќе си легнеме. Кој на брашно, кој на болнички кревет, кој на избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари