МОДЕРНА САГА ЗА РИТАМОТ НА ДАМАРИТЕ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НОВИОТ БАЛЕТ НА РИСИМКИН ВО НОБ

    МОДЕРНА САГА ЗА РИТАМОТ НА ДАМАРИТЕ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НОВИОТ БАЛЕТ НА РИСИМКИН ВО НОБРисимкин во НОБ постави одлична, современо спакувана претстава за старт на сезоната. (Фото: К. Попов)

    „Направив сага за судбината на мигот, за историјата, времето, иднината, за нашето постоење“, вели кореографката Рисима Рисимкин за премиерата на „САГА“(Идентитети), со која изминатиов викенд се отвори новата сезона во Националната опера и балет (НОБ).

    Композиторот Тони Китановски и кореографката Рисима Рисимкин на премиерата во НОБ на 6 октомври. (Фото: К. Попов)

    Двете премиери, на 6 и 7 октомври поминаа со публика која искрено уживаше во модерната поставка на Рисимкин, инспирирана од современото македонско поетско творештво. Солистите и ансамбалот создадода магичен, нестварен свет, врз база на „Везилка“ од Блаже Конески и мотиви од народното  творештво, носејќи нѐ низ македонските филиграни, ѓердани, мегдани, севдата, дамарите и везот.

    Примабалерините Кичевска-Шокаровска и Поп-Алексова-Атанасовска како Црвената нишка и Црната нишка. (Фото: К. Попов)

    Насловните улоги ги играат примабалерините Марија Кичевска-Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова-Атанасовска, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (Унгарија). Играат и Наташа Трендафилова-Гацев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Велјановски, Ендрју Кук (Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (Англија), Франциско Руиз (Шпанија) и Миро Митрашиновиќ.

    Саша Евтимова како Везилката. (Фото: К. Попов)

    Целосната слика на македонската сага ја надополнија музиката на Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски и сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ.

    Рисимкин ѝ даде на НОБ одлична, современо спакувана претстава за старт на сезоната.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира