СКОПСКИТЕ МОТОРЏИИ ВОЗЕА ЗА БОРБА ПРОТИВ РАК НА ПРОСТАТА И МАШКИТЕ САМОУБИСТВА – ФОТОГАЛЕРИЈА

    СКОПСКИТЕ МОТОРЏИИ ВОЗЕА ЗА БОРБА ПРОТИВ РАК НА ПРОСТАТА И МАШКИТЕ САМОУБИСТВА – ФОТОГАЛЕРИЈАМакедонија од 2016 редовно учествува во светскиот настан, кој се одржува во повеќе од 120 држави. (Фото: К. Попов)

    Околу 150 дотерани моторџии денеска по осми пат возеа низ Скопје, како дел од најголемиот хуманитарен мото-хепенинг во светот „The Distinguished Gentleman’s Ride“. Ова светско движење ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести.

    Фото: К. Попов

    „Целта на овој настан е ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства. И овојпат остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот“, вели Игор Стефановски, претседател на Клубот.

    Фото: К. Попов

    На глобално ниво, настанот во изминативе години собра повеќе од 37,5 милиони долари, како средства коишто се наменети за борба против ракот на простата.

    Македонија од 2016 редовно учествува во светскиот настан, кој се одржува во повеќе од 120 држави.

    Фото: К. Попов

    Движењето го поттикна Марк Хава во 2012 во Сиднеј кога облечен во свечен костум заедно со своите пријатели продефилира низ улиците во чест на негов пријател, кој ја изгубил битката со ракот на простатата. Оттогаш движењето секоја година има се поголем бројот на учесници и собрани средства.

     

    Фото: К. Попов

    Фото: К. Попов

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира