КОНОСИТЕЛКАТА СО ФИЛИПЧЕ ВО ЧЕТВОРКА, ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА, СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ

    КОНОСИТЕЛКАТА СО ФИЛИПЧЕ ВО ЧЕТВОРКА, ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА, СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМТренчевска е првата која кажа дека ова раководство на СДСМ не чини и оти треба да дојде нови, „неизвалкани од бремето на претходните функционери“ (Фото: СДК.МК)

    Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска си поднесе оставка на функцијата. Според објавата на Фејсбук, таа останува на позицијата пратеничка.

    Тренчевска беше коносителка на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во Изборната единица 4, заедно со Венко Филипче. Таму партијата освои 5, односно најмногу пратеници за СДСМ на вчерашните парламентарни избори на кои партијата доживеа досега најкатастрофален пораз од постоењето.

    Се повлекувам од мојата функција како Претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи!Продолжувам цврсто напред. Нема да дозволам уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Мене ме водат вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делувам од позиција на пратеник“, напиша денеска Тренчевска, која до техничката влада беше министерка за труд и социјална политика.

    Синоќа, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски кој во изборна единица 1 во Скопје освои само 3 пратеници, најави дека ќе се бира ново раководство на конгрес, но не поднесе формална оставка.

    Само што заврши прес-конференцијата, оставки од потпретседателските места во СДСМ поднесоа Фатмир Битиќи и Перо Костадинов.

    Тренчевска денеска јавно побара да си оди раководството.

    Од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот, на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро“, напиша Тренчевска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира