ВЛАДАТА ОДЛУЧИ СРЕДИТЕ НА 24 АПРИЛ И НА 8 МАЈ ДА БИДАТ НЕРАБОТНИ И ЗА ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ

    ВЛАДАТА ОДЛУЧИ СРЕДИТЕ НА 24 АПРИЛ И НА 8 МАЈ ДА БИДАТ НЕРАБОТНИ И ЗА ПРИВАТНИТЕ ФИРМИОвие два неработни дена среде работна недела, нема да се одработуваат - Охрид (Фото:СДК.МК)

    По општата забуна дали деновите на гласањето на првиот круг на претседателските избори на 24 април (среда) и вториот круг на претседателските и парламентарните избори на 8 мај (среда) ќе бидат неработни денови само за вработените во јавната администрација, Владата денеска донесе одлука тоа да важи за сите граѓани на Македонија.

    Претходно одлуката за неработни денови важеше само за јавната администрација, а за приватниот сектор беше дадена само препорака.

    Од Владата соопштија дека донеле ваква одлука заради непречено спроведување на изборите за претседател на државата и за изборите за пратеници.

    Овие два неработни дена нема да се одработуваат, тоа газдите на приватните фирми нема да  може да го бараат од вработените.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира