15. СКУПИ ФЕСТИВАЛ ОД ДЕНЕС ДО НЕДЕЛА ВО КУРШУМЛИ АН, ДОАЃААТ ПЕТ ПРЕТСТАВИ ОД РЕГИОНОТ

    15. СКУПИ ФЕСТИВАЛ ОД ДЕНЕС ДО НЕДЕЛА ВО КУРШУМЛИ АН, ДОАЃААТ ПЕТ ПРЕТСТАВИ ОД РЕГИОНОТНа 11 септември доаѓа Народен театар Тузла, со преставата „Крекање“ на Алеш Курт. (Фото: Скупи фестивал)

    Петнаесетотто издание на Меѓународниот театарски фестивал Скупи почнува вечерва во 20 часот во Куршумли ан, а гостуваат театарски групи од Косово, Турција, Албанија и од  Бугарија.

    Отворањето е со претставата „+18“ од Градскиот театар „Хади Шеху Ѓаковица“ од Косово во режија на Ќендрим Ријани.

    „Програмата нуди современи театарски текстови, преку прикажување на иновативни и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици“, најавува селекторот Музбајдин Ќамили.

    На 9 септември доаѓа Театарот Јолџу од Истанбул, со преставата „Венера во крзно” во режија на Ерсин Умут Гулер, а на 10 септември Театарот Вазраждане од Софија со преставата „Соба за гости“ во режија на Зафир Раѓаб.

    В сабота на 11 септември доаѓа Народен театар Тузла, со преставата „Крекање“ на Алеш Курт, а затворањето е на 12 септември со „ Пикасо и Ајнштајн во еден бар во Париз “ од театар Метропол Тирана во режија на Армела Демај.

    Скупи фестивалот има и натпреварувачки карактер, а жирито е составено од Тауланда Јупи, режисерка од Тирана, Аделина Марку и Елмазе Нура, режисерка од Приштина.

    Фестивалот ќе се одржува во Куршумли ан, според протоколите за заштита од Комисијата за заразни болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира