9-МИНУТЕН АПЛАУЗ ЗА НОВИОТ ФИЛМ НА СКОРСЕЗЕ И ДИ КАПРИО ВО КАН

    9-МИНУТЕН АПЛАУЗ ЗА НОВИОТ ФИЛМ НА СКОРСЕЗЕ И ДИ КАПРИО ВО КАНРоберт де Ниро, Леонардо ди Каприо и режисерот Мартин Скорсезе во Кан. (Фото: АП)

    Публиката во Кан со деветминутни овации ја поздрави премиерата на новиот филм на режисерот Мартин Скорсзезе, „Убијци на Цветната месечина“., еден од најочекуваните филмови на годината. На вчерашната премиера на Канскиот фестивал, дојдоа голем број холивудски ѕвезди, почнувајќи од Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро, како и Кејт Бланшет, Тоби Мегваер, Кирстен Данст.

    Адаптирано од најпродаваната книга на Дејвид Гран, сценариото е на Скорсезе и Ерик Рот („Дина“, „Ѕвездата е родена“). Филмот е еп за сериските убиства на богати нафташи членови на „Нацијата Осејџ“ во 1920-тите во Оклахома, со Ди Каприо, Де Ниро, Лили Гледстон, Џеси Племонс, Кара Џејд Мајерс, Џана Колинс, Џилијан Дион и Танту Кардинал, а

    Екипата на „Убијци на Цветната месечина“. (Фото: АП)

    Критиката имаше доста коментари за должината на филмот, 4 часа, но во целина е добро прифатен.

    Филмот беше прикажан надвор од конкуренција, иако директорот на фестивалот Тиери Фремо рече дека испратил покана за учество во трката за Златната палма.

    Кинопремиерата е на 6 октомври и на 20 октомври низ САД, во фанцуските кина ќе игра од 18 октомври, а потоа ќе оди глобално на стриминг платформата „Епл ТВ+“ .

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира