АКО ДАЦ НЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ЌЕ ГО РАЗРЕШИМЕ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    АКО ДАЦ НЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ЌЕ ГО РАЗРЕШИМЕ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРАГлумецот Драган Спасов - Дац беше назначен за директор на МНТ на 5 август минатата година. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за култура го повтори ставот на Владата на Македонија, во врска со синоќешната соораќајка, во која што директорот на МНТ Драган Спасов – Дац со возило удри пешак,  дека лице кое сторило ваков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

    „Остануваме на истиот став кој го кажа Владата“, велат од кабинетот на министерот Роберт Алаѓозовски.

    На нашето прашање, дали ќе го разрешат директорот на МНТ, од кабинетот ни одговорија: „Ќе почекаме, доколку не даде самиот оставка, ќе биде разрешен“.

    „Во однос на сообраќајната несреќа што се случи вчера, МВР и сите други органи ќе го истражат настанот детално и во најкус можен рок, а сите наоди ќе ѝ бидат презентирани на јавноста. Секој мора да поднесе одговорност согласни законите. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, за среќа во случајот без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на Владата на РМ“, изјави Бошњаковски на прес-конференција, без да го именува директно директорот на МНТ и без да прецизира дали Дац ќе биде разрешен или ќе го чекаат сам да поднесе оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира