АМЕРИКАНСКАТА ПЕЈАЧКА СЕСИЛ МЕКЛОРИН САЛВАНТ ГО ОТВОРА 43. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

    АМЕРИКАНСКАТА ПЕЈАЧКА СЕСИЛ МЕКЛОРИН САЛВАНТ ГО ОТВОРА 43. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ„Њујорк тајмс“ ја прогласи Меклорин Салвант за најдобрата џез пејачка во изминатата деценија (Фото: Фејсбук)

    Вечерва започнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе донесе серија ексклузивни концерти во четиридневната програма.

    Отворањето е со француско-американската пејачка Сесил Меклорин Салвант, која ќе настапи од 20 часот во Националната опера и балет. „Њујорк тајмс“ ја прогласи 35-годишната Меклорин Салвант за најдобрата џез пејачка во изминатата деценија, која има специфичен пристап кон музиката, комбинирајќи елементи на џез, блуз и фолк, како и од театарската и барокната традиција.

    Меклорин Салвант досега има објавено седум албуми, за кои освои три награди Греми.

    Од 23 часот е концертот на македонскиот бенд „Некст ту сајленс“ во Младински културен центар. Тоа ќе биде и концертна промоција на неговиот нов албум „Рух“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира