АНЏЕЛА БАСЕТ И МЕЛ БРУКС МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОЧЕСЕН ОСКАР

    АНЏЕЛА БАСЕТ И МЕЛ БРУКС МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОЧЕСЕН ОСКАРБасет и Брукс ќе ги примат статуетките во ноември (Фото: Инстаграм)

    Три месеци откако изненадувачки остана без Оскарот за најдобра споредна улога и притоа не го криеше своето разочарување, Анџела Басет дозна дека ќе биде еден од годинашните добитници на почесната статуетка. Покрај неа, почесен Оскар ќе добијат и легендарниот филмаџија Мел Брукс и филмската монтажерка Керол Литлтон, додека директорката на актерската програма на институтот Санденс, Мишел Сатер, ќе ја прими хуманитарната награда „Џин Хершолт“.

    Добитниците на почесен Оскар најчесто немаат освоено Оскар во својата кариера, но тоа не е случај со 96-годишниот Мел Брукс. Тој беше награден за најдобро оригинално сценарио во 1969 за филмот „Продуценти“ и потоа имаше уште две номинации. Во кариерата долга 70 години, Брукс беше филмски, телевизиски и театарски актер, режисер, сценарист и продуцент и еден е од ретките уметници кои се имаат закитено со Еми, Греми, Оскар и Тони.

    Басет зад себе има две номинации за Оскар и годинава важеше за голема фаворитка за „Блек Пантер 2“, но на крајот изгуби од Џејми Ли Кертис.

    Литлтон (80) е помалку позната во ова друштво и само еднаш била номинирана за Оскар, за „Вонземјанинот И-Ти“ на Спилберг.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира