АНДРЕЈ ВОЛКАШИН ПОЧНА ДА ГО СНИМА ДЕБИТАНТСКИОТ ФИЛМ „СЛАТКАТА ГОРЧИНА НА ЗРЕЛИТЕ КАЛИНКИ“

    АНДРЕЈ ВОЛКАШИН ПОЧНА ДА ГО СНИМА ДЕБИТАНТСКИОТ ФИЛМ „СЛАТКАТА ГОРЧИНА НА ЗРЕЛИТЕ КАЛИНКИ“Филмот ја следи Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството (Фото: Веда филм)

    Режисерот Андреј Волкашин почна да го снима дебитанскиот долгометражен игран филм „Слатката горчина на зрелите калинки”, соопшти продукцијата „Веда филм“ од Скопје. Филмот е копродукција на Македонија, Хрватска и Бугарија, со поддршка од Холандија и Еуримаж, а беше поддржан со 19 милиони денари (310 илјади евра) на конкурсот на Агенцијата за филм во првиот рок во 2020, како и од националните фондови на земјите-копродуценти.

    Снимањето ќе трае до крајот на мај на локации во општините Гевгелија и Демир Капија.

    „Филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството, обликувано од патријархалното и традиционалното. Улогите ги играат четири жени од различни генерации: Зорица Нушева, Долорес Поповиќ-Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска“, соопшти продуцентката Елена Станишева.

    Снимањето ќе трае до крајот на мај на локации во општините Гевгелија и Демир Капија (Фото: Веда филм)

    „Слатката горчина на зрелите калинки” е единствениот македонски филм развиван во рамките на европската програма „Торино филм лаб“.

    Сценариото го напиша Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата е на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф е Илина Чолак, маска и шминка се на Симона Ристевска, а кастинг директорка е Киријана А. Николовска. Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти се Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира