АНГЛИСКИ ПЕН ГО НАГРАДИ РОМАНОТ НА ПЕТАР АНДОНОВСКИ, „ЛЕТО ВО КОЕ ТЕ НЕМА“

    АНГЛИСКИ ПЕН ГО НАГРАДИ РОМАНОТ НА ПЕТАР АНДОНОВСКИ, „ЛЕТО ВО КОЕ ТЕ НЕМА“Андоновски е првиот македонски автор награден од ПЕН (Фото: Фејсбук)

    Романот „Лето во кое те нема“ на македонскиот автор Петар Андоновски се најде меѓу годинашните добитници на наградата „ПЕН преводи“ (PEN Translates awards), што ја доделува англиски ПЕН. Оваа година се наградени книги од 19 држави, при што за првпат се наградуваат македонски автор и дело преведено од македонски.

    „Лето во кое те нема“ е опишан како „првиот македонски ЛГБТ роман“. Под наслов „The Summer You Weren’t There“, книгата на англиски ја преведе Кристина Е. Крамер, во издание на „Партијан букс“.

    Андоновски е роден во 1987 во Куманово и дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. За романот „Телото во кое треба да се живее“ ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“ во 2016, а за романот ,,Страв од варвари” Европската награда за литература во 2020.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира