АВТОРИТЕ ШТО ЈА КРИТИКУВАЛЕ ВЛАСТА НЕ ДОБИЈА ПОДДРШКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО, ОБВИНУВААТ 56 ПИСАТЕЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АВТОРИТЕ ШТО ЈА КРИТИКУВАЛЕ ВЛАСТА НЕ ДОБИЈА ПОДДРШКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО, ОБВИНУВААТ 56 ПИСАТЕЛИ

    Писателите што ја критикуваат власта не добиле поддршка од Министерството за култура, обвинија денеска 56 автори.

    Според нив, годинашната  програма за издавачка дејност објавена од Mинистерството за култура е „највисоката точка за уривање на писателското достоинство и деградирање на книжевните вредности од страна на државата“.

    Со проглас за заштита на достоинството на македонски писaтели и на македонската книжевност писателите велат дека „програмата на дела поддржани од државата е политичка, дека не се поддржани новите имиња во македонската проза што се многу популарни, но и дека отсуствуваат и веќе афирмирани книжевни имиња“.

    Писателите сметаат дека нив ги нема во програмата оти се „автори што јавно изнеле критички став кон власта или, пак, не се во групациите на бизнис-писатели што имаат тесна соработка со неа“.

    Писателите обвинуваат и за преголема поддршка дадена за просечна или неквалитетна преводна литература, која и онака на пазарот остварува добри приходи, а македонските писатели по вкупните суми се изедначени со преводната литература.

    Бараат да се се поништи Годишната програма за издавачка дејност за годинава, да се утврдат јасни критериуми за избор на членови на комисии што би подготвиле нова програма, но, исто така, и постудиозно проценување на делата, а пред сè, целосна департизација на државата политика во издаваштвото. Побунетите писатели ги повикаа своите колеги да се приклучат на прогласот и да побараат укинување на годишната издавачка програма.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари