БЕОГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ ГОСТУВА ВО МНТ СО „ЛЕТ НАД КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“

    БЕОГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ ГОСТУВА ВО МНТ СО „ЛЕТ НАД КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“Во претставата игра бројната екипа на БДП (Фото: Д. Удовичиќ)

    Београдско драмско позориште (БДП) ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар на 4 и 5 октомври со две изведби на претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.

    One flew east, one flew west, one flew over cuckoo’s nest“ е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на БДП. Тој го игра главниот лик Редни Мекмарфи, а во останатите улоги се Слободан Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач и Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

    Сценографијата е дело на Зоран Ристиќ, костимографка е Јелисавета Татиќ-Чутурило, а композитор е Александар Симиќ.

    Драмата е напишана во 1962, a првата изведба била следната година на Бродвеј, со Кирк Даглас во главната улога. Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира