Светската премиера на „Мали нешта како овие“ на ирскиот автор Тим Миелантс ќе го отвори 74. Берлинале, што ќе трае од 15 до 25 февруари. Во филмот, кој е и во главната конкуренција за Златната мечка, играат Килијан Марфи, Ајлин Волш, Мишел Ферли и Емили Вотсон. Миелантс во овој филм повторно го режира Марфи, со кого работеа заедно на третата сезона од серијата „Пики Блајндерс“.
Извршната директорка на фестивалот Мариет Рисенбек и уметничкиот директор Карло Катријан денеска ја објавија селекцијата на последното издание во нивниот мандат. Од април, нова директорка на Берлинале ќе биде Триша Татл.
Меѓу 20-те кандидати за Златната мечка се и новите филмви на Абдераман Сисако, Мати Диоп, Бруно Думонт, Оливие Асајас, Андреас Дресен и Хонг Сангсо.
Оскаровката Лупита Нионго годинава ќе биде претседателка на жирито за Златна мечка, а Мартин Скорсезе ќе добие Златна мечка за животно дело.
Паралелната програма Панорама отвора со шведско-грузискиот „Премин“ на Леван Акин.
Годинава ни во главната конкуренција за Златна мечка, ни во Панорама ниту во селекцијата Форум нема ниту еден филм од Западен Балкан.