„БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛОТ“ СО СВЕТСКИ ГОСТИ, НО БЕЗ БИТОЛСКА ПРЕТСТАВА

    „БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛОТ“ СО СВЕТСКИ  ГОСТИ, НО БЕЗ БИТОЛСКА ПРЕТСТАВАГодинава своја претстава нема Народниот театар од Битола зашто како што рече управата, ниеден од режисерите на претставите годинава не го предложиле Шекспир за работа. - Уметничката директорка на Битолскиот театар Илина Чоревска и директорот Иван Јерчиќ (Фото: СДК.МК )

    Позицијата на жената и родовиот проблем се третираат во дел од претставите кои ќе бидат поставени на седмиот „Битола Шекспир фестивал“ што ќе се одржува од од денес до 28 јуни во Битола.

    Фестивалот, кој е во организација на Народниот театар од Битола, се отвора вечерва во 20 часот на Големата сцена со претставата „Кротењето на фуријата“ на Хрватско народно казалиште од Сплит, а во режија на Иван Плазибат. Ова е наградувана претстава која го третира проблемот на позицијата на жената во денешното општество преку делото на Шекспир.

    Во следните денови ќе настапи „Несовршени танчери“, танцова компанија од Италија со претставата „Лејди Магбет“ и „ Хамлет“ во режија на Волтер Матеини и Ина Броек. Понатаму, независната театарска трупа „Наве 73 Театре“ од Мадрид Шпанија која ќе ја изведе претставата „Јулија и Офелија, доживотни самоубиства’’ во режија на Арон Лобато. Претставата го третира родовиот проблем, поточно проблемот на трансродовото на родовото, преку два лика од делата на Шекпир кои ги играат двајца мажи.

    На програмата се и Унгарски театар од Романија , копродукција со други театари во претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ во режија на Тапасто Ерно. Фестивалот се затвора со претставата „Крал Иби“ на Драмски театар од Скопје во режија на Васил Христов.

    Годинава своја претстава нема Народниот театар од Битола зашто како што рече управата, ниеден од режисерите на претставите годинава не го предложиле Шекспир за работа.

    „Министерството за култура го поддржува фестивалот со 1. 700. 000 денари и еден милион од Општина Битола. Овој пат нема да кажам дека тоа се премалку пари, тие се доволни. За првпат овозможивме апликации за учество на фестивалот, па така составиме една квалитетна програма која нема да изискува огромни средства, за да не се доведиме во ситуација да требаат огромни средства и да не можеме да го покриеме сето тоа“, рече Иван Јерчиќ, директор на Народниот театар од Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира