„БОЖЕСТВЕНАТА КОМЕДИЈА“ СЕ ЧИТА НА 60 ЈАЗИЦИ НА ГРОБОТ НА ДАНТЕ ВО РАВЕНА ЗА 700 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА СМРТ

    „БОЖЕСТВЕНАТА КОМЕДИЈА“ СЕ ЧИТА НА 60 ЈАЗИЦИ НА ГРОБОТ НА ДАНТЕ ВО РАВЕНА ЗА 700 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА СМРТСекој ден има читања на „Божествеата комедија“ кај гробот, за да се привлечат што повеќе и жители и туристи. (Фото: АП)

    Италија цела година на разни начини ја одбележува 700-годишнината од смртта на Данте Алигиери, кој починал на 13 септември 1321. Меѓу нив се нови музички партитури, гала концерти, изложби, драмски читања, кои ќе се одржуваат низ целата земја. Папата Фрањо напиша Апостолско писмо, во кое пишува за врската на Данте со Римокатоличката црква.

    Но, ниту еден омаж не може да биде поинтимен од тој крај неговиот гроб во Равена, кој беше реставриран во чест на годишнината. Данте бил прогонет од неговата родна Фиренца и починал во голема сиромаштија во Равена.

    Турати, жителка на Равена, дошла да слуша како вљубеници во делото на Данте читаат извадоци од „Божествената комедија“.

    „Секојпат звучи ново, поинаку. Дури и кога го читате и препрочитувате, Данте секогаш има нешто ново да ни каже“, вели таа.

    „Да се чита Данте крај неговиот гроб е можеби најискрениот омаж кој можеме да го понудиме“, велат организаторите. (Фото: АП)

    Секој ден има читања кај гробот, и тоа е целта на настанот, да привлече што повеќе и жители и туристи, научници и да ги поврзе со „Божествената комедија“. Поставени се примероци од делото на 60 јазици, за кои организаторите веруваат дека ќе бидат читани од странските туристи штом се олабават рестрикциите за патувања.

    „Да се чита Данте е можеби најискрениот омаж кој можеме да го понудиме. Бара секој да направи напор и да му пристапи, а не како што често бараме, Данте да дојде кај нас. Без посебни напори за разбирање, или за иделогизирање. Наместо тоа, овој свечен чин на читање, без коментар, е навистина за почит“, вели Франческа Маси, генерална секретарка во организациониот комитет за 700-годишнината од смртта на италијанскиот поет.

    Во Националниот музеј Барџело во Фиренца ќе има изложба од 8 август, на која ќе биде изложена казната за Данте напишана во 14. век. Музејот поседува и фреска на Данте, која ја насликал Џото.

    На друга изложба во Музејот Сан Доменико, ќе има 300 дела од цел свет како белешки, портрети, кои ќе ја раскажат приказната на Данте низ вековите.

    „Станува збор за негови дела кои ги инспирирале уметниците како Пикасо, Џото, Микеланџело“, цели директорот на Музејот Џанфранко Брунели.

    За 12 септември е најавен концерт со славниот диригент Рикардо Мути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира