ДАМИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ СЦЕНАТА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ВЕЧЕРВА

    ДАМИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ СЦЕНАТА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ВЕЧЕРВАНорвешкиот женски вокален ансамбл „Трондхајм воисис“ ќе го изведе делото „Фолклор“

    Скопскиот џез фестивал вечерва речиси целосно ќе им биде посветен на дамите. Во богатата програма на третиот ден од фестивалот, женски музичари ќе бидат во главната улога на сите четири концерти.

    Прва ќе настапи данската алт саксофонистка Мете Расмусен (Македонска опера и балет, 20 часот), која важи за истакнат претставник на новиот бран екстремни импровизатори.

    Од 21 часот, следува концертот на женскиот вокален октет од Норвешка „Трондхајм воисис“, кој ќе го изведе делото „Фолклор“ на композиторите Хелге Стен и Столе Сторлекен, што ќе биде проследено и со звучни и светлосни ефекти.

    Португалската трубачка Сузана Сантош Силва е на репертоарот од 22.30 часот, придружувана од Холанѓанецот Аб Барс (тенор саксофон/кларинет) и од чикашката легенда Хамид Дрејк (тапани/перкусии).

    Исцрпната вечер ќе финишира после полноќ во Денсинг салата на Младински културен центар, со настапот на финското трио „Мопо“, предводено од саксофонистката Линда Фредриксон, кое во својата музика комбинира панк и џез.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира