ДАНИЕЛА СТАНКОВСКА-ПЛАЧКОВСКА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

    ДАНИЕЛА СТАНКОВСКА-ПЛАЧКОВСКА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМСтанковска-Плачковска од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност. (Фото: Фејсбук)

    Владата ја назначи Даниела Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм. Станковска-Плачковска доаѓа на местото на Владимир Ангелов, кој неодамна поднесе оставка од функцијата. Тој беше назначен за директор на 6 февруари.

    Станковска-Плачковска е  дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност, а од април 2022 е доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира